Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Минов: Измените на КЗ предвидуваат проширена конфискација и тоа е поголема тежина

(Видео) Минов: Измените на КЗ предвидуваат проширена конфискација и тоа е поголема тежина
300x250 opst2

Пратеникот на СДСМ Панчо Минов денеска при реплика од собраниската говорница се осврна на предложените имени на Кривичниот законик, пред се на членот за злоупотреба на службени овластувања.

dobivaj vesti na viber

– Овој член е предмет на многу стручни анализи и тој е остаток од еден друг систем, како кривично дело кое нема конкретно предмет на доказност и има многу честа се користи за пресметки на неистомисленици, рече Минов.

Тој додаде дека со менувањето на сегашната формулација, која гласи, „ако за себе прибави имотна корист“, во измена која наведува „ако има намера да прибави имотна корист“, е поголема тежината и квалификацијата на оној што има намера, а тоа е клучен елемент на секое кривично дело, да има намера.

– Со измените има проширена конфискација, која опозицијата не ја спомнува, тоа е и усогласување со ЕУ, што предвидува конфискацијата проширено да се реализира ако има правни или фактички пречки, истакна пратеникот на СДСМ Панчо Минов.

Можете да прочитате

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите