Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски за Арсовска: Не е ништо страшно да ни се раздвојат патиштата

(Видео) Мицкоски за Арсовска:  Не е ништо страшно да ни се раздвојат патиштата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека партијата стои зад Златко Перински и Ѓоко Велковски, кои градоначалничката Данела Арсовска ги разреши од функциите. Тој рече дека верува во двајцата, дека се работливи и посветени, но дека, за жал, некој не знае да го искористи нивниот потенцијал.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски меѓу другото рече дека не е ништо страшно со Арсовска во еден момент да им се раздвојат патиштата.

„ За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат за градоначалник. Во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се остваруваат  и од едната и од другата страна и патиштата може да ви се раздвојат на различни страни. Важно е политиките да ви се принципиелни и чесни и во насока кон тоа за што се залагате. Ако во еден момент се разидуваат мислењата и ставовите не е  страшно да ви се раздвојат и патиштата“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

Повредените од Кочани не биле заштитени – студенти ги тужат Вучиќ и Павловиќ