Утрински Весник
Магазин

(Видео) Мајка шимпанзо првпат го гледа своето младенче

(Видео) Мајка шимпанзо првпат го гледа своето младенче

Женско шимпанзо неодамна се породи во зоолошката градина во округот Седџвик во Канзас, САД, а нејзината реакција кога за првпат го виде своето младенче е навистина трогателна.

dobivaj vesti na viber

Махале морала извесно време да закрепне од компликациите што настанале при породувањето со царски рез, а по 48 часа добила шанса првпат да го види своето бебе.

Луѓето од Зоолошката градина сето тоа го следеле со камери. Мајката прилично емотивно ја дочека првата средба со своето младенче, на кое му го дадоа името Кучеза.

Вработените го внеле малото во престојувалиштето и го завиткале во ќебе. Мајката прво не го забележува, но кога ја здогледува неговата рака веднаш го раширува ќебето и го зема в раце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sedgwick County Zoo (@sedgwickcountyzoo)

„Махале е чудесна мајка, не го пушти своето бебе откако првпат го зеде в раце“, стои на инстаграм-страницата на Зоолошката градина.

Двете објави предизвикаа позитивни реакции кај следачите на Инстаграм, беа прегледани и лајкувани десетици илјади пати и собраа стотици коментари.

Можете да прочитате

Род Стјуарт се јави во програма во живо и ги критикуваше конзервативците

Вил Смит ќе глуми во филм на „Дизни“

Животната приказна на Бери Кеган: Од згрижувачки семејства до номинација за „Оскар“