Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Еден ден откако стана мандатар, на фирмата основана од Ковачевски ѝ се префрлени над 203.000 евра државна помош

(Видео) Лефков: Еден ден откако стана мандатар, на фирмата основана од Ковачевски ѝ се префрлени над 203.000 евра државна помош

„Еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, фирмата основана од него, ‘Пиксел груп’, која е основана токму од него, добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра. Значи, Ковачевски со мандат за премиер, а неговата ‘Пиксел’ добива државна помош од огромни 203 илјади евра. Ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра извршени од Владата и ФТИР кон ‘Пиксел груп’, основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година“, посочи на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

Лефков рече дека „покрај земените 2 милиона евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица и со нивна помош испумпани се милиони народни пари“.

„Се наметнува сомнение дека преку фирмата ‘КМГ ЕОЛ квазар’ на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во Општина Гази Баба додека градоначалник на општината бил кадар на СДС. Имено, фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветление, а заврши во Обвинителството поради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски“, вели тој.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ