Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лапсус или незнаење: заменик министерката за правда и егејците ги внесува во Уставот

(Видео) Лапсус или незнаење: заменик министерката за правда и егејците ги внесува во Уставот

Заменик министерката за правда Аврамовска Мадиќ го прогласи егејскиот народ како посебен народ кој ќе влезе во Уставот. Аврамовска Мадиќ во вчерашното гостување на „24 ТВ“ најави дека и Егејците ќе влезат во Уставот на нашата земја.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе го видат предлогот и кога ќе видат дека ништо не е лошо и дека во Уставот на Република Северна Македонија во преамбулата ќе влезат и другите народи кој што поднеле барање, тука не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорци, Хрвати, Египќани, Егејците и за многу други кои што ќе поднесат барање“, вели во Аврамовска Мадиќ.

До овој момент нема извинување или појаснување од заменик министерката или од Министерството за правда. Се очекува таа да се изјасни на прес-конференцијата закажана за попладнево.

Можете да прочитате

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Левица: Додека инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ, Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Малолетно дете е шокиран од лектирата за трето одделение!