Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се изземат од одговорност за хаосот, прекин на блокадите веднаш

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се изземат од одговорност за хаосот, прекин на блокадите веднаш

„Повлекувањето на Ленин Јовановски е само порѕирна игра на Христијан Мицкоски и негов обид да се испере од одговорност за блокадите што ги прави. Заради лични и бизнис интереси на Мицкоски и неговите соработници, Скопје со денови е блокиран град, граѓаните се без јавен превоз и имаат проблем при нормалното функционирање. Сета одговорност за хаосот што му се случува на Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ“ изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Таа напомена дека „од градоначалничката која беше поддржувана и промовирана од Мицкоски па се до претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори“.

„ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години ја држеше Македонија во заложништво. Затоа, во Белиот дворец наместо да играат игри, наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за проблемот што токму тие го создадоа. Граѓаните не заслужуваат да ја плаќаат цената за нивните кавги за тендери и провизии. Скопје не смее да страда поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски“ рече Кузеска.

 

Можете да прочитате

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства, македонската економија ќе биде на удар 

Финансиска му поднесе кривична на поранешен директор на „Пошта“ за предизвикана штета од речиси 11 милиони денари 

Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни