Утрински Весник
Спорт

(Видео) Куп-драмата во Турција заврши со триумф на Бешикташ против Трабзонспор на Барди

Bardi Trabzon So Besiktas.jpg

Бешикташ е победник во фудбалскиот Куп на Турција откако во финалето во драмтична завршница го совлада Трабзонспор (3:2) на македонскит репрезентативец Енис Барди. Трабзонспор постигна гол за водство во 13. минута преку Онуачу, но потоа Барди направи несреќен пенал, а Гезал погоди за 1:1. Укан на почетокот на вториот де стрелаше за пресврт на Бешикташ (2:1), а Пепе во 89. минута израмни на 2:2. Меѓутоа, пет минути подоцна Ал-Мусрати во судиското продолжение погоди за 3:2 за Бешикташ.

Можете да прочитате

Милијана Рељиќ повторно Европска клупска шампионка во таеквондо

Македонските кадетки подготвени за дуелите во Тирана

Се степаа навивачите на Англија и Србија: Летаа маси, столици, шишиња