Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска, му порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на премиерот Димитар Ковачевски.
„ Што е толку тешко? Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата“ рече Ковачки.
„ Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово?
Дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година?
Дали додека стотици мажи од Куманово одеа на регрутација и се одважија да ја бранат Македонија, дезертерот Ковачевски се сокрил зад функцијата на својот близок роднина и се пишал како трајно неспособен?“ праша тој.
Единствен начин, според Ковачки, да се дознае, доколку Ковачевски одбива да признае, е судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност.
Народот мора да знае каков човек ја води Македонија, дали трајно неспособен или лажоман, но и во првиот и во вториот случај потребна е оставка, заклучи Ковачки.