Утрински Весник
Економија

(Видео) Ковачевски: Со зголеменото производство на електрична енергија до намалување на цената на струјата

(Видео) Ковачевски: Со зголеменото производство на електрична енергија до намалување на цената на струјата

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.

dobivaj vesti na viber

Toj потенцираше дека стратегијата на Владата, како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

„ Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20% во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија, што е најголемо производство во еден ден во изминатите десет години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“ рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата, сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.

„ Владата минатата година одвои 760 милиони евра, што според податоците од Светска Банка е најголем пакет на антикризни мерки споредено со сите земји од регионот. Со тоа успеавме да ја субвенционираме цената на електрична енергија до 80%. Да не беше таа субвенција, цената на електрична енергија за 600 илјади домаќинства ќе беше пет пати повисока. Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа три пати повисоки сметки за струја. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна Ковачевски.

Премиерот посочи дека инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во неколку насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност, поврзување и диверзификација на енергенси за државата, инвестиции во обновливите извори на енергија, пришто минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати, што снабдуваат некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија, унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.

Можете да прочитате

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Ангеловска-Бежоска за ВОА: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава