Утрински Весник
Економија

(Видео) Ковачевски: Со новиот модел за субвенции го зголемуваме домашното производство на храна

(Видео) Ковачевски: Со новиот модел за субвенции го зголемуваме домашното производство на храна

Со новиот decoupling систем за распределба на субвенциите, прилагоден на предизвиците што ни ги донесе кризата, земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни пари за да имаат одржливо земјоделско производство, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека живееме во време со многу предизвици, економска, енергетска криза, недостиг на енергенси, инфлација, недостиг на храна. Сè е она тоа што граѓаните го чувствуваат и можат да го видат насекаде околу нив.

„На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата го усвои новиот модел за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Конкретно, досегашниот систем според кој земјоделците добиваа субвенции без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со нов decoupling систем. Со овој нов модел земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите која ќе ја добиваат во тековната година кога конкурирале за субвенцијата, односно тогаш кога им се најпотребни пари за да имаат одржливо земјоделско производство. Дополнителна поддршка е предвидено и за земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба“, нагласи Ковачевски.

Според него со новиот модел не е предвидено намалување на средствата наменети за земјоделците, туку нивна поефикасна распределба, побрза исплата, што значи планско и одржливо производство, од што бенефит ќе имаат и земјоделците и државата.

„Во новиот пакет антикризни мерки за справување со енергетската криза вреден 360 милиони евра, планирани се субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, за зголемување на приносите, на продуктивноста, за поголема конкурентност и амортизирање на ценовните притисоци за основните прехранбени производи, во износ од над 52 милиони евра“, нагласи Ковачевски.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија