Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Сите пратеници да го дадат својот глас за народот, а не за кариерата на кој било политичар

(Видео) Ковачевски: Сите пратеници да го дадат својот глас за народот, а не за кариерата на кој било политичар

Ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел а тоа членство во ЕУ, се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на било кој политичар во државата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Уште еднаш одовде испраќам порака и повик за сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над нашите политички, идеолошки разлики во име на поквалитетен живот и посигурна иднина за сите нас и за идните генерации“, рече Ковачевски во неговото обрќање на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.

Ковачевски потсети дека во периодот од 2006 до 2016 година тогашното раководство на државата реши да чека и не донесе ниту една стратешка одлука за државата со што земјата заглави во изолација 10 години.

„Еднаш раководството на државата во 2006 година реши да чека и чекаше од 2006 до 2016 година. Не донесе ниту една стратешка одлука за државата. 10 години на народот му продаваше реклами на ТВ на кои трошеа повеќе средства отколку што денес се трошат средства за изградба на градинки, нови школи, училишта или опремување на Армијата. На крајот поминаа тие 10 години сите сфативме дека сме останале сами и изолирани. Затоа од 2016 година се донесоа одлуки со кои државата стана земја членка на НАТО, со кои државата почна преговори со ЕУ. Благодарение на тие одлуки денес ние сме држава која претседава со ОБСЕ, ние сме држава која од корисник на мировни мисии, пред 30 години, денес е земја во која други држави преговараат за решавање на своите проблеми. Јас како што кажав пред неколку дена ќе го предводам, и ќе ги предложам сите потребни одлуки, Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел а тоа членство во ЕУ. Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници, ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за личната кариера на било кој политичар во државата, порача Ковачевски.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните