Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Новите инвестиции и работни места се потврда за успешните економски политики

(Видео) Ковачевски: Новите инвестиции и работни места се потврда за успешните економски политики
Ss2

Премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања во парламентот истакна дека во услови на најголемата светска енергетска криза Владата активно дејствува на две линии, и тоа со пакетот на антикризни мерки над 760 милиони евра, кој е најголем пакет на државна помош во регионот, како и со нови инвестиции и работни места.

dobivaj vesti na viber

„Најпрвин реков дека никој нема да биде оставен сам и изминатата година обезбедивме два пакета антикризни мерки за заштита на најранливите категории граѓани и за заштита на ликвидноста на компаниите во износ од над 760 милиони евра. Сите антикризни мерки се навремено донесени во консултација со сите страни, стопанските комори, академската заедница итн. и дејствувавме во најбрз можен рок за нивна реализација. Пакетот антикризни мерки од над 760 милиони евра беше оценет како најголем од сите земји во регионот, и тоа од страна на Светската банка. Компаниите ги ослободивме од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и струја. Исто така, од април ја субвенционираме цената на струјата со 80 проценти на реалната берзанска цена за сите 600.000 домаќинства и за 72.000 компании. Донесовме мерки и за училиштата и за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, со цел да спречиме понатамошен раст на цените и понатамошно намалување на цените во услови на зголемена инфлација. Веќе имаме намалување на цените на лебот, млекото и на зејтинот во маркетите во државата“, рече Ковачевски.

Ss1

Дополнително, Ковачевски истакна дека во време на најголема енергетска криза ја имаме и најдобрата година до сега од постоењето на ТИРЗ и тоа е навистина голем успех.

„2022 ја завршивме со 2.300 нови работни места, над 430 милиони евра нови инвестиции, а во октомври лани ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година. 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава. Извозот од зоните во 2022 година, достигна 3,7 милијарди евра, што, меѓу другото, се должи и на новоотворените работни места. Првичните анализи покажуваат дека на секој 1 денар вложен од државата, компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот. Тоа значи дека имаме инвестиции што носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Јас верувам дека државата може уште повеќе да напредува и да се развива и среќен сум што таква можност гледаат и странски компании што инвестираат во нашата држава. Трендот сè повеќе странски компании да отвораат тука, а видовте дека годината ја почнавме со нова инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ во Скопје, е можност за отворање нови работни места, компанијата ‘Магна мехатроникс’ почна со подготовки за изградба на нова фабрика, која ќе вработи 600 луѓе со 40 милиони евра и сето тоа влијае врз растот на просечната плата во државата, која надмина 33.000 денари првпат во нашата историја“, рече Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор