Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Декларацијата за права на малцинствата на ОН е секојдневна пракса, создаваме еднакво општество за сите

(Видео) Ковачевски: Декларацијата за права на малцинствата на ОН е секојдневна пракса, создаваме еднакво општество за сите
300x250 (7)

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Генералната дебата во ООН во Њујорк учествуваше и се обрати на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата.

dobivaj vesti na viber

„ Цврсто сум уверен дека унапредувањето на едно право, што не загрозува друго право, може само да ѝ користи на една држава што е посветена кон мирен развој. Мирот никогаш не треба да се гледа како крајна дестинација.

Ss1

Мирот е пат со многу кривини; мирот се добива со заедничко чекорење по овој пат во секојдневието; тоа е пат по кој луѓето кои живеат во населба, во заедница, во општина, во држава, треба да го врват заеднички; тоа е пат на кој треба да напредуваме во заедништво, сите ние тука во оваа просторија, сите низ целиот свет.

И го велам ова затоа што денес сум тука во името на мојата татковина, Република Северна Македонија, која денес е пример за функционална мулти-етничка држава и претставува фактор на стабилност на Западен Балкан што најмногу се должи на концептот „Едно општество за сите“ кон кој се стремиме и го спроведуваме без предрасуди. Ова е концепт заснован на начелото на еднакви права и должности за сите граѓани, начело што Владата и поголемиот дел од граѓаните на Република Северна Македонија го поддржуваат.

Овие граѓани се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други граѓани кои живеат во Република Северна Македонија и кои според највисокиот законодавен документ, нашиот Устав, имаат еднакви слободи и права, без разлика на нивната национална, етничка, верска или друга припадност“ рече македонскиот премиер.

Тој додаде дека нашиот образовен систем гарантира и нуди образование за лицата што припаѓаат на етничките заедници на нивниот мајчин јазик, на сите нивоа на образованието, почнувајќи со основното.

Усвоените законски измени и примената на начелото на еднаква застапеност, како што рече Ковачевски, им овозможија на лицата што припаѓаат на етничките заедници да бидат вклучени во сите области на општествениот живот, како што се локалната самоуправа, Собранието, правосудниот систем, како и телата на извршната власт.

„ Со нашите политики за еднаквост го зацврстивме сврзувачкото ткиво на нашето општество и го отворивме патот за дискусија по прашања кои се од вистинска важност за граѓаните – нивното постоење и животен стандард, бидејќи тоа ни е заедничкиот јазик на сите нам, на сите наши граѓани.

Со оглед на тоа дека сме цврсто и целосно посветени на Агендата 2030 и начелото „никој да не биде изоставен“, усвоивме Национална стратегија со која се елаборира концептот „Едно општество за сите и интеркултурализам“ засновани на партиципативна демократија, што од своја страна, ги консолидира процесите за инклузивност во државата, а тоа е квалитетот по кој мојата држава е препознатлива во регионот, во ЕУ и низ светот“ истакна Ковачевски.

Тој рече дека Македонија спроведува уникатна политика за статусот на своите малцинства во државите во кои живеат, а што се заснова на примена на начелата што се дел од оваа Декларација на ОН и строгото спроведување на одредбите на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства.

„ Со оглед на тоа дека сме успешна, функционална мулти-етничка демократска држава – мини Европа на Балканот – подготвени сме и имаме волја да гарантираме унапредување на етничкиот, културолошки, јазичен и верски идентитет на сите етнички заедници, додека истовремено ги штитиме државните интереси и ја развиваме Република Северна Македонија на исто ниво со остатокот од демократскиот свет.

Пандемијата и војната во Украина покажаа дека, кога станува збор за човековите права, борбата никогаш не завршува, затоа што и за нивното зачувување и за нивното унапредување, потребна е силна волја и претпазливост. Посветеноста на човековите права не завршува на границите на нашата заедница, на нашата држава, на нашиот регион. Таа е универзална.

Со тоа, би сакал да ја поздравам денешната дебата што ја поддржува нашата заедничка посветеност на градењето поправични држави и поправичен свет” порача Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби