Утрински Весник
Спорт

Шакира првпат отворено за разделбата со Пике: Нашиот развод не е вообичаен

Шакира првпат отворено за разделбата со Пике: Нашиот развод не е вообичаен
Ss2

Колумбиската поп-дива, Шакира првпат јавно проговори за шокантната разделба со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике по 12 години заедно, но реши да не ја коментира неговата врска со многу помлада жена. 45-годишната Шакира во интервју за магазинот „Еле“ зборуваше за врската со 35-годишниот Пике и за нивните деца, 9-годишниот Милан и 7-годишниот Саша.

dobivaj vesti na viber

„Тешко е да се зборува за личните работи, посебно бидејќи ова е првпат да ја коментирам ситуацијата. Останав тивка и се обидов да ги процесирам работите, бидејќи уште поминуваме низ тоа во очите на јавноста и нашата разделба не е вообичаена. Беше многу тешко за мене и за моите деца, кои се обидов да ги заштитам. Но, кога ќе слушнат работи во училиште или ќе наидат на некои непријатни вести на Интернет, тоа влијае на нив“, вели Шакира.

300x250 (7)

Двојката ја објави разделбата во јуни, а Пике веќе е во врска со 23-годишната студентка Клара Кија Марти, но Шакира не сакаше да го коментира тоа.

„Некои детали се премногу лични за да се споделат. Барем во овој момент, кога работите се свежи. Само ќе кажам дека дадов се што имам за таа врска и моето семејство. Во нашиот живот, каков што беше, еден мораше да се жртвува. И го направив тоа. Ја ставив кариерата во втор план, дојдов во Шпанија за да го поддржам и тој да има шанса да игра фудбал и да освојува титули. Така, моите деца имаа мајка која беше постојано присутна и затоа имаме таква нераскинлива врска“, објаснува Шакира.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал