Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костовски: Да не дозволиме ситни интереси на поединци скапо да ја чинат земјата и да влеземе во нова изолација

(Видео) Костовски: Да не дозволиме ситни интереси на поединци скапо да ја чинат земјата и да влеземе во нова изолација

Ги повикуваме сите пратеници на одговорност да се вклучат во дискусијата во Собранието и да ги поддржат уставните измени, истакна на денешмата прес-конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според него, сите 120 пратеници, како претставници на народот и избрани од народот, имаат обврска на прво место да ги стават граѓаните, да ги стават државните, национални и стратешки интереси.

„Имаме неповторлива шанса да го продолжиме европскиот пат и да оствариме уште една стратешка цел: членство во ЕУ до 2030 година. Со признаен и потврден македонски јазик во ЕУ и македонски идентитет. Да бидеме рамо до рамо на големата маса, рамо до рамо со државотворните европски народи. Граѓаните сакаат и заслужуваат да бидат европски граѓани, да имаат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја. Предлогот за измена и дополнување на Уставот е доставен до македонското Собрание. Се е однесуваат на додавање на делови од народи во нашиот Устав, во Преамбулата и во само два члена, 49 и 78“, соопшти тој.

Појаснува дека се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

„Целата македонска јавност, сите граѓани, може да се уверат дека станува збор за измени кои само го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет. Прво, затоа што ги унапредува основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата и второ ја истакнува посебноста на македонскиот народ. Еднаш засекогаш да ставиме крај на тезата: еден народ – две држави. Затоа, да се обединиме околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание“, вели Костовски.

Потенцира дека не треба да се дозволи ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат земјата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години.

„Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, и нови загубени 10, 15 или 20 години додека регионот напредува. Без уставни измени нема членство во ЕУ. Сите пратеници коишто навистина се за членство во ЕУ ова е шансата на дело да ја докажат. Без изговори, без калкулации. Глас за Европа е глас за подобра македонска иднина“, дополнува пратеникот од СДСМ.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово