Утрински Весник
Македонија

Притвор се бара за Исмет Гури од ДУИ оти обвинителката се сомнева дека може да избега, да фалсификува, да влијае врз сведоци

Притвор се бара за Исмет Гури од ДУИ оти обвинителката се сомнева дека може да избега, да фалсификува, да влијае врз сведоци

Притвор се бара за функционерот на ДУИ, Исмет Гури. Предлогот е доставен до Кривичниот суд од страна на обвинителката Ивана Трајчева, која ја водеше истрагата за даночната измама против 15 лица. За синот на Гури, кој исто така е опфатен во истрагата, се бараат мерки на претпазливост.

dobivaj vesti na viber

„Обвинителот, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе му предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, а за другите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката“, велат од Обвинителството.

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетан во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна изјава од вкупно 15 лица што биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добиваме преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ. Штетата што ја направиле на УЈП е 840.000 евра.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус