Утрински Весник
Економија

(Видео) Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

(Видео) Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

Христијан Мицкоски денеска се обиде да се сокрие од јавноста преку објава на социјалните мрежи каде се правдаше за неговите хидроцентрали. За се’ е подготвен да зборува само за струјата која го повикуваме да се отстапи на граѓаните не. Ниту збор, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека Христијан Хидро Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие.

Каевски додаде дека денес, самиот Мицкоски постојано тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии. Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?

Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза. Или провизии се дел од причината зошто се молчи,изјави Каевски.

Можете да прочитате

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години