Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Мицкоски е прав паразит, добил над 50.000 евра народни пари за помалку од две години

(Видео) Каевски: Мицкоски е прав паразит, добил над 50.000 евра народни пари за помалку од две години

„Мицкоски како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Но тоа не е прв случај каде Мицкоски се богател од парите на граѓаните. Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра пари од граѓаните“ рече денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

Каевски рече дека тоа е потврдено и со официјални документи.

„И сето ова се случуваше во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет. Еве почитувани, кои се вистинските паразити. Дали од овие народни пари, Мицкоски си изгради хидроцентрала и основаше компании? Во наредните денови јавноста ќе дознае и за други лица, блиски соработници на Мицкоски кои паразитски се богателе на сметка на граѓаните“ рече Каевски.

 

Можете да прочитате

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме