Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судир на автобус и камион кај Таманрасет на крајниот југ на Алжир, соопшти цивилната заштита, а медиумите објавија дека повеќето од жртвите изгореле.
Несреќата, по која следеше пожар, се случила околу 4 часот кога автобус удрил во комерцијално возило, велат од цивилната заштита и додаваат дека продолжува спасувачката акција.
Повеќето од повредените патници добиле тешки изгореници, пишува алжирската агенција АПС.
One of the North African country’s deadliest road crashes in years also left 12 others injured, many with burn wounds, Algeria’s civil defence agency said.#Algeria #BusCrash https://t.co/gsyLTucOah
— The Peninsula Qatar (@PeninsulaQatar) July 19, 2023
Надлежните не соопштуваат информации за околностите на несреќата и што ја предизвикало. Според локалните медиуми кои пренесуваат фотографии и видеа од запалениот автобус, повеќето од жртвите изгореле живи.
Состојбата на двете возила укажува дека се работи за многу жесток судар. Ова е несреќа со најмногу жртви во регионот од крајот на декември 2020 година, кога возило се преврте кај Таманрассет, при што загинаа 20 лица, а 11 беа повредени. Повеќето од нив биле државјани на африканските земји.
Главната причина за сообраќајните несреќи во Алжир е брзината, а тоа важи и за возачите во јавниот превоз. Податоците се од владината агенција за безбедност на патиштата.
Според официјалните податоци, во 2022 година во Алжир се регистрирани речиси 22.980 сообраќајни несреќи, во кои загинале 3.409 лица, а 30.479 се повредени.