Утрински Весник
Спорт

(Видео) Интер победи на „Олимпико“, Рома ја губи трката за место во Топ 4

(Видео) Интер победи на „Олимпико“, Рома ја губи трката за место во Топ 4
Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Интер ја победија Рома на „Олимпико“ во Рим (2:0), во дербито одиграно во 34. коло во Серија А.
Нероаѕурите пред полуфиналето во Лигата на шампионите остварија важна победа во првенството. За Интер ова е четврта победа по ред, додека Рома четири натпревари не знае за победа.

dobivaj vesti na viber

Избраниците на Симоне Инзаги, на табелата го прескокнаа Милан на четвртото место, додека Рома падна на седмата позиција и речиси и да нема шанси да дојде до четвртата позиција.

Интер поведе на „Олимпико“ во 33. минута, кога Димарко го искористи центаршутот на Дамфрис на втората статива.

Голема грешка на Ибанез во 74. минута ја казни Ромелу Лукаку, по додавањето на Лаутаро Мартинез.

До крајот на мечот Лаутаро ја погоди гредата, Камара набрзо имаше одлична шанса, но резултатска промена немаше.

Во следното коло Интер го пречекува Сасуоло, додека Рома гостува кај Болоња.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации