Утрински Весник
Свет

(Видео) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

(Видео) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во вториот дел од Лејвер купот во кој се сретнаа екипи од Европа и светот се случи несекојдневна ситуација.

dobivaj vesti na viber

Имено, еден навивач слезе од трибините, седна на бетонот и запали оган, па натпреварот беше прекинат на неколку минути.

Роџер Федерер со денови е централна тема во тенискиот свет поради неговото збогување.

Лејвер купот е можност да се збогува со играњето тенис, а воедно е последен момент кога ќе ги видиме него со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал како активни играчи на тениски турнир.

Организаторот на Лејвер купот ги одреди термините и двојките за првиот натпреварувачки ден, па Роџер Федерер ќе се збогува од активниот тенис играјќи двомеч со Рафаел Надал.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат