Утрински Весник
Свет

(Видео) „Зошто врескате како жени? Сега сте во војска“ – објавена снимка од регрутeн центар

(Видео) „Зошто врескате како жени? Сега сте во војска“ – објавена снимка од регрутeн центар

Откако рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ поради војната во Украина, на социјалните мрежи се појавуваат сè повеќе видеа кои сведочат за тоа како оваа мобилизација се одвива во практика.

dobivaj vesti na viber

Веднаш откако Владимир Путин и неговиот министер за одбрана Шојгу завчера ја најавија мобилизацијата, Русите почнаа масовно да бегаат од земјата, за што сведочат информациите за навала од авионски билети за летови од Русија, како и метеж на границите со соседните земји.

Денеска на социјалните мрежи се прошири видео споделено од новинарот на ABC News Патрик Ривел на неговиот Твитер. На видеото може да се види како униформиран маж им вика на насобраните мажи кои гласно го изразуваат своето незадоволство во, како што изгледа, регрутниот центар.

„Сега сте во војска, сите сте војници!

„Зошто врескате како жени? Затворете ја устата и однесувајте се прикладно, зошто викате? вели униформиран човек на толпата, а потоа додава: „Сега сте во војска. Тоа е тоа. Игрите завршија. Сега сите сте војници!”

„Тука сте три дена. Потоа летате, а вашата обука започнува за две недели. Потоа, тука е екипирањето на војниците. Ќе бидете платени како да сте на договор, во зависност од вашиот чин. Ќе добиете борбена плата, статус на ветеран, сè до крајот на специјалните операции, а потоа си одите дома“, вели регрутерот.

„Нема да бидете отпуштени од работа, вашите позиции се резервирани“, наведува тој.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран