Утрински Весник
Свет

(Видео) Хрватската итна помош спасила живот на двегодишно девојче, им помогнала и полицијата

(Видео) Хрватската итна помош спасила живот на двегодишно девојче, им помогнала и полицијата

Двегодишно дете било примено во болницата во Осиек во тешка состојба поради воспаление на белите дробови и му требало итен транспорт до Загреб.

dobivaj vesti na viber

Екипата за итна помош од Осиек веднаш тргнала со детето кон Загреб, а кога увиделе дека проблем може да  предизвика големата гужва низ сообраќајот, стапиле во контакт со полицијата, која интервенирала да помогне и им обезбедила полициска придружба.

Детето било во тешка состојба, интубирано и на кислородна поддршка.

Потоа било реанимирано и спасено.

 

Покрај огромната гужва и сообраќајниот метеж на автопатот во градот, наишле на верижен судир. Детето е во стабилна состојба, благодарение на брзиот транспорт.

„Тешко е да се најдат пофални зборови со кои ќе им се заблагодарам на сите. Мојата ќерка поради проблеми со белите дробови во саботата заврши во болницата во Осиек, а во понеделникот состојбата и се влоши бидејќи и нејзиното срце било загрозено. Ни кажаа дека сè беше подготвено за итен транспорт до Загреб, а беше околу 14 часот. Брзата помош тргна, а ние тргнавме по нив“, изјавиле родителите за хрватските медиуми.

 

Можете да прочитате

Принцот Хари за 40. роденден ќе добие над 4,7 милиони евра од неговата баба Елизабета

Санија Ахмети пукаше во слика на Богородица со Исус (ФОТО)

Израел ја нападна Сирија – 24info.mk