Утрински Весник
Магазин

(Видео) Хали Бејли одушевува во официјалниот трејлер за „Малата сирена“

(Видео) Хали Бејли одушевува во официјалниот трејлер за „Малата сирена“

„Дизни“ ги одведе гледачите под морето во својот официјален трејлер за „Малата сирена“.

dobivaj vesti na viber

Претставен во текот на 95. доделување на „Оскарите“, во трејлерот има многу навестувања на оригиналниот анимиран филм, како, на пример, Ариел го спасува принцот Ерик од бродолом, конфронтацијата на Ариел со татко ѝ, кралот Тритон, првата средба на принцезата сирена со морската вештерка Урсула и моментот кога, конечно, ќе го добие својот прв пар нозе.

Повеќето, ако не и сите овие визуелни слики, се придружени со волшебната изведба на Хали Бејли на Part of Your World, култна песна од „Малата сирена“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 17 Септември 2026 година

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри