Утрински Весник
Свет

(Видео) Град на Хаваите целосно срамнет со земја во пожарите: „Се качив на покривот и гледав како огнот се приближува кон куќата“

(Видео) Град на Хаваите целосно срамнет со земја во пожарите: „Се качив на покривот и гледав како огнот се приближува кон куќата“

Во големите пожари што го зафатија хавајскиот голем остров Мауи, градот Лахајна, каде живеат околу 13.000 луѓе, целосно е уништен, покажуваат сателитските снимки.

dobivaj vesti na viber

Засега е познато дека шест лица загинале во пожарот кој се’ уште неконтролирано се шири.

Целиот град е евакуиран, а судејќи според фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, градот е буквално изгорен.

Видеата беа објавени од жителите на Лахајна кои сведочат  за катастрофата.

„Веќе ја немаме Лахајна. Ја нема“, изјави еден жител за Си-Ен-Ен.

Надлежните ги советуваа туристите што поскоро да го напуштат опожарениот град и целиот остров.

Гувернерот на Хаваи, Џош Грин рече дека нема доволно засолништа за долгорочен престој и дека противпожарните засолништа се достапни само неколку дена.

„Она што се обидуваме да го направиме сега е да се погрижиме секој што нема потреба да биде на Мауи, да не оди во Мауи. Ќе ги пречекаме туристите кога ќе завршат пожарите. Ни требаат што повеќе хотелски соби и други засолништа што е можно повеќе да ги вдомиме нашите луѓе“, рече тој.

Објавени се и фотографии направени од воздух, на кои јасно се гледа колку градот е уништен.

Купишта урнатини од кои што се издигнува чад лежат натрупани покрај брегот, бродовите во пристаништето се изгорени.

„Тоа е ужасно. Летам овде 52 години и никогаш не сум видел нешто слично. Плачевме, другите пилоти, механичарот и јас“.

Жителот на Мауи, Даниел Саливан, изјави за „Си-ен-ен“ дека сцените биле апокалиптични. Тој раскажа како се качил на покривот од куќата во која живее со своите деца и гледал како се приближуваат пламените јазици, а не можеле да избегаат бидејќи патиштата биле блокирани.

Пожарот на крајот не стигнал до неговата куќа, но ги проголтал домовите на многу негови пријатели.

„Пожарот блокираше сè, а засолништата каде што одеа луѓето мораа да бидат евакуирани бидејќи пожарот ги зафати и нив. Тоа беше апокалипса. Никогаш не сме виделе такво нешто“, рече тој.

Националната метеоролошка служба соопшти дека ураганот Дора, кој минувал јужно од островот и со удари на ветер од повеќе од 60 километри на час, е делумно одговорен за ескалацијата на пожарот.

Можете да прочитате

Ликот на Трамп ќе се појави на монетата од еден долар

Нов колапс на енергетската мрежа на Куба

Руски напад врз Одеса, тројца загинати