Утрински Весник
Свет

(Видео) Голема експлозија во фабрика во Москва, повредени 25 лица

(Видео) Голема експлозија во фабрика во Москва, повредени 25 лица

Во експлозија во индустриска фабрика североисточно од Москва повредени се 25 лица, јави руската државна новинска агенција „РИА новости“ повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случила во фабриката „Загорск“ во градот Сергиев Посад, која исто така произведува опрема за војската.

Наводно, експлодирал магацин со пиротехника, што една фирма го ангажирала од фабрика. Две повредени лица се пренесени во болница.

„Според прелиминарните информации, експлозијата не била предизвикана од воени беспилотни летала (UAVs)“, пренесе ТАСС.

Можете да прочитате

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк