Утрински Весник
Македонија

(Видео) Еве како беа запалени автомобилите на бугарската амбасада

Screenshot 2026 06 15 at 17.17.27 1536x847 1.jpeg

Бугарските медиуми попладнево ја објавија видеоснимката од палењето на двете дипломатски возила паркирани пред Бугарската амбасада во Скопје.

Од снимките може да се види како едно лице се приближува кон возилата паркирани на тротоарот пред Бугарската амбасада во Скопје. Додека се движи кон нив, лицето вади шише со непозната течност од пластична кеса и ги полева автомобилите.


На видеото потоа се гледа како предниот дел од еден од автомобилите, „сузуки“, почнува да гори, по што огнот брзо се шири. Во истиот момент лицето кое го предизвикало палењето се оддалечува и бега од местото на настанот.

По објавата на снимката, реагираа и македонските и бугарските институции, при што беше изразена осуда за инцидентот.

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија наведоа дека ваквите инциденти се последица на, како што велат, засилен агресивен политички говор и говор на омраза. Оттаму упатија критики и кон македонските институции, посочувајќи дека недоволниот одговор на претходни слични случаи создава чувство на неказнивост кај сторителите.

Институциите најавуваат дека истрагата продолжува и дека дополнителни информации ќе бидат објавени по нејзиното завршување.

Можете да прочитате

До 13 часот три активни пожари низ Скопје, вкупно пет низ Македонија

СДСМ: Тендер-патриотите сакаат на сила да се вметнат во историјата!

Тошковски од Пелинце: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците