Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џереми Ренер емотивен во првото интервју по несреќата со плугот за чистење снег

(Видео) Џереми Ренер емотивен во првото интервју по несреќата со плугот за чистење снег
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Актерот Џереми Ренер открива дека избрал да преживее откако беше тешко повреден во несреќа со плуг за чистење на снег.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Марвел“ скрши повеќе од 30 коски кога се обиде да спречи возилото да го прегази неговиот внук на Нова година.

Во своето прво ТВ-интервју по несреќата, тој вели: „Избрав да преживеам, нема да ме убие, никако“.

И покрај повредите, Ренер вели дека би го направил тоа повторно, затоа што плугот се движел кон неговиот внук.

Ова се коментари на актерот што можат да се видат во трејлерот за интервјуто, кое целосно треба да се емитува на 6 април на американската мрежа Еј-би-си.

Ренер бил примен во болница во критична состојба со тапи трауми на градниот кош и ортопедски повреди откако го прегазил неговиот плуг за чистење снег Sno-Cat.

Актерот се обидувал да го спречи плугот да не удри во неговиот внук откако почнал да се тркала по удолницата, без никој да управува со него.

Запрашан дали може да се сети на болката, Ренер потврди дека бил буден во секој момент кога машината тешка седум тони го згмечила.

„Изгубив многу месо и коски во ова искуство, но се наполнив со љубов и титаниум“, се пошегува тој.

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки