Поради налетот на арктичкиот студ кој вчера зафати поголем дел од САД, повеќе од 800 илјади луѓе останаа без струја, најмалку 16 лица загинаа во сообраќајни несреќи, а илјадници останаа заробени поради откажани летови.
Екстремно ниските температури извршија голем притисок врз енергетските системи низ земјата поради големата побарувачка за греење и оштетувањето на линиите за снабдување предизвикани од невремето.
Овие нарушувања ги превртеа празничните навики и плановите на милиони Американци за време на најпрометниот период на патување во годината.
Wild scene from Buffalo as homes are fully covered in Snow.#Buffalo #NY #newyork #snow #WinterStorm #WinterSolstice
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/anmxTr9HCh pic.twitter.com/NY5ftRnUUX
— Top Disaster (@Top_Disaster) December 25, 2022
Повеќе од 2.500 летови беа откажани во саботата, по 5.000 во петокот, според системот за следење летови FlightAware.
Најмалку 16 лица загинаа во сообраќајни несреќи предизвикани од временските неприлики, а стотици останаа заробени на замрзнати и завеани патишта, јавуваат медиумите.
Минеаполис беше најстудената точка во Америка во саботата каде беа измерени минус 21 степен. На божиќното утро најстудено место ќе биде Фарго, Северна Дакота со речиси минус 30.
Екстремните временски услови ги принудија властите ширум земјата да отворат центри за затоплување во библиотеките и полициските станици за да ги заштитат бездомниците.