Утрински Весник
Македонија

Католиците го слават Божик

Првиот ден на Божик неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Католичките верници и верниците кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.

dobivaj vesti na viber

Божик го слават и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар,  додека Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов, упати порака по повод празникот.

„На почетокот на Адвентот во западната литургија го слушавме пророкот Исаија, кој пред себе има видение за многу племиња и народи кои се наоѓаат на патот на поклонение кон Сион, гората на домот Господов. Сите се согласуваат и меѓусебно се повикуваат да се искачат на гората Господова во домот на Богот Јаковов; каде што Бог „ќе ги научи на Своите патишта“ и каде што ќе одат „по патеките Негови!“ Патиштата Божји се патишта на мирот. „Тој ќе биде судија на народите, ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои во српови. Народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, да одиме во Господовата светлина!“ (сп. Исаија 2,2-5)“, истакна бискупот Стојанов во пораката.

Можете да прочитате

СДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на власт

Во изминатото деноноќие приведени пет лица од вкупно осум пријави за семејно насилство

Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза