Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џеј Зи и Ники Минаж се најдобрите рапер и раперка на сите времиња, според „Билборд“

(Видео) Џеј Зи и Ники Минаж се најдобрите рапер и раперка на сите времиња, според „Билборд“

Во чест на 50-годишнината на хип-хопот, „Билбод“ објави листа со 50 најдобри машки и женски рапери на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Ники Минаж се најде на 10. место на листата, со што официјално стана единствената жена на топ-10 листата, а со тоа и најдобрата раперка на сите времиња.

„Таа несомнено го отвори патот за следната генерација жени рапери, а во исто време изгради наследство чие влијание не е ограничено само на светот на хип хоп“, објаснуваат од „Билборд“.

Кога станува збор за раперот број еден, Џеј Зи е на самиот врв на листата. „Билборд“ забележа дека Џеј се етаблира и како деловен човек.

„Можеби има и други рапери кои ќе тврдат дека можат да му конкурираат на Џеј за тронот, но едноставно не постои никој што може да му се спротивстави на целата негова кариера – неговата долговечност и широчината на неговите достигнувања“, пишува редакцијата на „Билборд“.

Редакцијата го направи рангирањето врз основа на следниве критериуми: обем на работа/достигнувања (синглови/албуми на топлисти, златни/платинумски сертификати), културно влијание (како работата на уметникот ја поттикна еволуцијата на жанрот), долговечност (години на микрофон), стихови (вештини за раскажување приказни) и вокална моќ.

Набргу по објавувањето на листата, бројни фанови го изразија своето незадоволство од изборот на „Билборд“.

„Џеј Зи е во топ 10, но не и најдобар“, „Се надевам дека не се сериозни. „Лил Симз и Лорин Хил се подобри од Ники и не се единствените“, „Не ни треба ‘Билборд’ за потврда на овие општи факти. Тоа е култура“, напишаа твитерџиите.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак