Утрински Весник
Свет

(Видео) Дронови нападнаа воена база во Иран

(Видео) Дронови нападнаа воена база во Иран
Ss2

Со беспилотни летала извршен е напад врз воена фабрика во градот Исфахан во Иран, соопшти официјален Техеран.

dobivaj vesti na viber

„Експлозијата се случи во еден од воените центри кои се поврзани со Министерството за одбрана“, изјави заменик-шефот за безбедност на гувернерот, Мохамад Реза Јан-Несари, за новинската агенција Фарс, пренесе „Си-Ен-Ен“.

300x250 (7)

Јан-Несари рече дека експлозијата предизвикала одредена штета, „но за среќа нема жртви“. Државната новинска агенција ИРНА подоцна соопшти дека експлозијата била предизвикана од „мали дронови“.

„Имаше неуспешен напад со мали беспилотни летала врз индустрискиот комплекс на Министерството за одбрана и еден од нив беше соборен“, објави ИРНА, повикувајќи се на Министерството за одбрана на земјата.

Министерството соопшти дека нападот се случил во 22:30 часот по локално време. Фабриката се наоѓа на околу 440 километри јужно од Техеран, а засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Нападот доаѓа во време на тензии околу иранската нуклеарна програма, како и испораката на беспилотни летала Шахед во Русија кои беа користени во војната против Украина.

Ss1

Можете да прочитате

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници