Утрински Весник
Свет

(Видео) Дрон со 17 килограми експлозив се урна во близина на Москва, соопштуваат украинските медиуми

(Видео) Дрон со 17 килограми експлозив се урна во близина на Москва, соопштуваат украинските медиуми

Беспилотно летало со 17 килограми експлозив се урна во близина на Москва, објави денеска рускиот канал на Телеграм“ – „База“, пренесува „Новиот глас на Украина“.

dobivaj vesti na viber

Вчера, 23 април, во попладневните часови, жител открил дрон во шумата кај Ногинск, во Московската област.

Откриеното беспилотно летало наводно е украински UJ-22 Airborn, тврди „База“.

„Очигледно е дека резервоарот е без гориво. Во дронот биле пронајдени 30-ина брикети, секоја со 570 грама експлозив“, според „База“.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам