Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Димитриевски: Во Куманово има место за сите, и за Бугарите, тоа што барам е заемно почитување

(Видео) Димитриевски: Во Куманово има место за сите, и за Бугарите, тоа што барам е заемно почитување
300x250 opst2

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на вечерашната свечена седница по повод 78 години од ослободувањето на Куманово, истакна дека во општина Куманово нема поделби по ниту еден основ, туку, напротив, во Куманово има место за сите, и за Македонци, и за Албанци, и за Турци, и за Роми, и за Срби, и за Бошњаци, и за Власи, и за Црногорци, и за Хрвати, и за Бугари и за сите други заедници кои се почитуваат и си помагаат меѓусебно.

dobivaj vesti na viber

Тој потенцира дека единствено она што се бара во Куманово е заемно почитување, уважување и признавање бидејќи, ако сакате некој да ве почитува, првенствено и вие треба да го почитувате.

„Во Куманово нема поделба ниту по партиска ниту по каква била друга припадност затоа што за интересите на граѓаните ние мораме да сме сложни и да работиме заедно, без разлика на нашите политички и општи убедувања. Наша должност е да им го подобриме квалитетот на живеење на кумановци, а тоа ќе го направиме единствено доколку заеднички конструктивно дискутираме, дебатираме и носиме проекти во нивен интерес, па по можност и со консензус. Вака треба да функционира една општина, која првенствено им припаѓа на граѓаните, а не на политиката“, порачува Димитриевски.

Тој посочи дека „Куманово е градот на гордоста, на соживотот, градот на шегата и градот на антифашистичката борба. Заедно со Прилеп се кренавме рамо до рамо и со други во државата, токму нашите предци ја ослободија нашата држава“.

„Денеска, покрај тоа што одбележуваме 78 години од ослободувањето на Куманово, исто така одбележуваме и 503 години од постоењето на нашиот град. Нашата општина е пример како треба да функционира една локална заедница, како се гради и негува соживотот и реално едно мултиетничко општество. Додека едни само зборуваат за мултиетницизам, ние го практикуваме на дело. Во Куманово нема поделби по ниту еден основ! Во Куманово има место за сите. И за Македонци,  Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Црногорци, Хрвати, и за Бугари и сите други заедници се почитуваат и си помагаат меѓусебно. Единствено она што го барам во Куманово е заемно почитување, уважување, признавање бидејќи, ако сакате некој да ве почитува, првенствено и вие треба да го почитувате“, порача Димитриевски.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?