Утрински Весник
Магазин

(Видео) Денот на Џејмс Бонд одбележува 60 години од првиот филм

(Видео) Денот на Џејмс Бонд одбележува 60 години од првиот филм
Ss2

Петти октомври е Ден на Џејмс Бонд, датумот на првиот филм за славниот британски агент од Тајната разузнавачка служба, со код број 007.

dobivaj vesti na viber

Оваа година се одбележува 60-годишнината од премиерата на култниот серијал.

300x250 (7)

Првиот филм, „Доктор Но“, излезе на 5 октомври 1962 година, точно пред 60 години. Во него глумеше Шон Конери.

Бонд го глумеа седум актери – Шон Конери, Дејвид Нивен, Џорџ Лејзенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег.

Серијалот се фокусира на измислен агент на британската тајна служба, создаден во 1953 година од писателот Јан Флеминг, кој го прикажа во дванаесет романи и две збирки раскази.

Актерите кои го носеа костумот на ликот – од неговото елегантно претставување до начинот на кој ги елиминира своите непријатели – ги врежаа своите имиња во филмската историја и станаа синоним за три едноставни зборови: Бонд. Џејмс Бонд.

Со цел да го прослави излегувањето на првиот филм, „Доктор Но“, официјалиот профил на Џејмс Бонд објави суперрез со сите Бондови додека се претставуваат, од Конери до Крег.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август