Најголемите пензии 4000 денари најмалите пензии 900 денари, ве молам кој може да преживее со 12.000 денари, беше прашањето на пензионерка до премиерот Димитар Ковачевски кој денеска беше на ново пазарење во скопски маркет со цел да утврди дали се почитува владината мерка за замрзнување на цените на одредени производи.
Како Влада, прва работа ни беше да ја смениме методологијата за зголемување на пензиите. И самите знаете дека досега ги зголемивме за 16 проценти. Во септеврми ќе има уште едно зголемување со кое што ќе имаме 25 проценти зголемување на пензиите што никогаш досега не било. Методологијата вели дека секој март и секој септември пензиите се зголемуваат согласно со трошоците за живот и согласно со просечната плата која расте. Ќе направиме се за да ги зголемуваме пензиите и во иднина“, одговори Ковачевски.
„Кризно време е но цел буџет го користиме за такви работи“, потенцира тој.
„Цените се до плафон, со два денари макарони и јајца на 99 денари и сега ги замрзнавте цените. Што е, тоа е поевтинување? Многу тежок дојде животот па не можеме да купиме ниту лекарства“, го праша друга жена премиерот.
На ова Ковачевски одговори дека цените се зголемени поради војната во Европа.
„Она што прво направивме е дека на дел од производите ги замрзнавме цените, трендот на намалување на цените го направивме и тоа со владини одлуки и низ разговори со стопански комори“, дополни Ковачевски.