Утрински Весник
Магазин

(Видео) Бруно Марс работи на својот прв соло албум по 7 години

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Бруно Марс е подготвен да се врати со свеж звук на неговиот прв соло албум по пауза од седум години.

Пејачот-текстописец е зафатен со работа на продолжение на албумот 24k Magic од 2016 година.

Медиумите пренесуваат дека е во рани преговори за голема турнеја следната година.

Еден музички инсајдер изјави за весникот „Сан“: „Бруно одвои малку време за да развие нов имиџ и нов звук по успехот на неговите последни проекти.

“Тој е блиску до завршување на нов аудиозапис и е во рани преговори со Live Nation за да склучи договор што ќе овозможи турнеја со новиот албум следната година.

Поп-ѕвездата Бруно Марс e еден од најголемите вокали нa денешницата. Познат по сингловите Grenade, Just the Way You Are неговиот деби албум од 2010 година, стигна на врвот на Билборд листата.

Неговата песна When I Was Your Man долго време се задржа на врвот на светските топ-листи.

Можете да прочитате

Хју Грант го доби својот ден на суд против весникот на Мардок

Готвач мавтал со нож дома кај Бенедикт Камбербеч

Џони Деп ги презакажа концертите поради фрактура на глуждот