Утрински Весник
Балкан

(Видео) Бројот на загинати во пожарот во Истанбул се искачи на 29 лица

Turcija Pozar.jpg

Бројот на загинати се искачи на 29 во ноќен клуб во турската метропола Истанбул, откако избувна пожар за време на реновирање на ноќен клуб, потврдија локалните власти, пренесуваат турските медиуми. Пожарот од засега непознати причини избувнал во зграда на улицата Гундогду. По пријавувањето на пожарот, на лице место се испратени противпожарни, медицински и полициски екипи. Полицијата презеде мерки на претпазливост во областа. Во пожарот интервенирале пожарникари со 31 возило и 86 лица. Повредените се префрлени во болниците во регионот.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени