Утрински Весник
Магазин

( Видео ) Британци се степале во авион и принудно слетале

621944
Img 5587

Авион на „Рајанер“ што во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте морал да слета во Португалија, откако седум патници се степале, објави „Дејли мејл“.

Неименуван сведок изјавил дека сите биле Британци, а извор од португалската полиција рекол дека едно лице е уапсено.

Ss1

Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјава на сведок, вели дека „група мажи пиеле и малтретирале некои патнички“.

Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8.15 часот, а требало да слета во 12.15 часот на Ланзароте, шпански остров во северозападна Африка. Но, тој бил пренасочен на аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде слетал во 10.50 часот.

„Дејли мејл“ на својата веб-страница објави видео на кое се гледа како четворица полицајци во униформа насилно вадат маж. Некои патници го снимиле настанот, а некои рекле „се гледаме подоцна“. Минатиот месец, уште три авиони од Обединетото Кралство принудно слетале во Фаро.

Лет од лондонскиот аеродром Станстед на пат кон Лисабон бил пренасочен поради технички проблем на 20 декември. Осум дена претходно, поради технички проблем, таму бил пренасочен и авионот што полетал од Манчестер кон канарскиот остров Тенерифе. „Дејли мејл“ не соопшти што точно бил проблемот, но авионите нормално слетале во Фаро.

Пред тоа, авионот на летот од Лондон Станстед до Мароко слетал во Фаро бидејќи на пилотот му се слошило. Авионот исто така нормално слетал на аеродромот, а патниците биле префрлени на нов лет за Мароко.

Декември и јануари се месеци кога многу туристи од Британија патуваат на сончеви дестинации како Канарските Острови и Мароко за време на зимскиот одмор.

 

Ss1

Можете да прочитате

Хороскоп за 28 април: Ракот е несигурен во љубовта, Рибите сакаат самотија

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Прогласени градовите добитници на наградите на ЕУ за инклузивност и различност за 2024 година