Утрински Весник
Македонија

Состојба на патиштата

Zima 1

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско , на ден 22.01. и 23.01.2024 год, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 09:00 – 16:00 часот.

На патниот правец Тетово – П.Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

Можете да прочитате

Заев: Непочитувањето на Уставот и законите носи децениско непријателство со соседите, со ЕУ, САД и ООН

ДИК прифати еден и одби еден приговор на коалицијата „Влен“

МЕТЕОРОЛОШКИОТ ФЕНОМЕН “ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се