Утрински Весник
Економија

(Видео) „Брако“ создава успешни приказни – Струга, Москва, Минхен, Велес, Никола Маркоски, директорот за развој во „Брако“

(Видео) „Брако“ создава успешни приказни – Струга, Москва, Минхен, Велес, Никола Маркоски, директорот за развој во „Брако“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Никола Маркоски, директор за развој во „Брако“, е физичар, кој своето образование на полето на апликативната физика го стекнува на универзитети во Москва и Минхен, како и со работење како истражувач на реномираниот минхенски институт „Max Planck“.

dobivaj vesti na viber

За серијалот “Успешни приказни“ на фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, раскажува за образованието стекнато на престижни европски универзитети и институти, како и за поривот тоа знаење да го примени токму во БРАКО и во родната земја.

Во „Брако“ раководи со тим од дванаесет инженери, кои се задолжени за развој на новите модели на возилата за одржување на хигиена во урбани средини од линијата Грин Машинс.

Токму предизвикот едно од возилата на погон на дизел да се развие во електрично возило беше пресуден Маркоски да се одлучи професионалната кариера да ја гради во „Брако“ и да придонесува за развој на фабриката и македонското општество.

Предизвикот за работа во „Брако“ е уште поголем, ако се знае дека производите се извезуваат во 50 земји на сите континенти, а главна конкуренција се компании од најразвиените земји.

ПР

Можете да прочитате

Возниот парк во земјава стар 20 години, доминираат дизел возилата, само еден отсто се хибридни и електрични

Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари – ноември 2025 година

Во мобилната телефонија 2.105.467 претплатници, 459.643 фиксни линии