Утрински Весник
Спорт

(Видео) Борусија не се предава – „шестка“ за Вердер

(Видео) Борусија не се предава – „шестка“ за Вердер

Борусија Дортмунд не е подготвена да се откаже од борбата за титулата во Бундеслигата, покажувајќи го тоа со супериорната 5:0 победа над Вердер Бремен за на три кола пред крајот да се доближат на само еден поен зад Баерн Минхен и поправајќи се за „киксот“ – 0:0 ремито со Бохум во претходното коло.

dobivaj vesti na viber

Гол-шоуто на „Сигнал Идуна парк“ го започна Карим Адејеми – прво со гол во 14. минута, за во 28. минута да му асистира на Себастиен Але за 2:0, а веќе во 37. минута, Донјел Мален да зголеми на 3:0.

Џуд Белингем во 54. минута зголеми на 4:0, за само пет минути подоцна, Адејеми и по вторпат да се запише во листата на стрелците, овојпат на асистенција на Але. Во 65. минута, Адејеми доби шанса да го комплетира хет-трикот кога беше досуден пенал, но неговиот обид помина покрај голот. Белингем во 87. минута уште повеќе ја зголеми мизеријата на гостите.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи