Утрински Весник
Македонија

(Видео) Битиќи во обиколка на новото училиште во Визбегово

1000115087

Вицепремиерот за економски прашања, заедно со државната секретарка во Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска го посети Основното училиште Визбегово во истоимената населба.

„110 милиони денари инвестираше Владата во изградбата на новото и модерно основно училиште кое недостасуваше во населбата Визбегово. Ова ново училиште не само што просторно ќе ги задоволи потребите за одвивање на квалитетен и непречен образовен процес, туку ќе служи и како центар за социјален и културен развој на децата од Општина Бутел, Чаир и Шуто Оризари. Владата има за цел на идните генерации од овој дел на Скопје да им даде можност да развијат знаења и вредности кои се потребни и за нашата економија и изградбата на посветла иднина за сите“ изјави вицепремиерот Битиќи.

 

Можете да прочитате

Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените

Груби во судница, Бајрами во бегство: Почна судењето за „Државна лотарија“