Утрински Весник
Магазин

(Видео) Беше детски актер, а сега е ѕвезда на хит-серијата „Ноќен агент“

(Видео) Беше детски актер, а сега е ѕвезда на хит-серијата „Ноќен агент“
Ss2

Пред неколку дена на „Нетфликс“ излезе серијата „Ноќен агент“ (Night Agent) и веднаш се искачи на врвот на листата како најгледана серија во светски рамки.

dobivaj vesti na viber

Акционата серија што ја креираше Шон Рајан според истоимениот роман на Метју Квирк го следи агентот на ФБИ Питер Сатерленд кој работи како ноќен телефонски оператор за итни случаи во Белата куќа. Подоцна, следејќи ја линијата за итни телефонски повици, агентот на ФБИ одговара на повик што го вплетува во смртоносен заговор во кој е вмешан крт во Белата куќа.

Ss1

Главната улога во серијата ја толкува Габриел Басо, 28-годишен американски актер кој многу брзо го привлече вниманието на публиката, особено на жените. Во неодамнешното интервју за магазинот „Пипл“, тој откри зошто ја прифатил улогата.

„Она што ме натера да ја прифатам улогата беше разговорот со Шон. Тој ми кажа колку реалистично сака да ја прикаже сторијата. Не сакам кога насилството е некако романтизирано, па мило ми е што неговата визија за серијата беше ваква“, рече Габриел.

Тој призна дека не го прочитал романот по кој се базира серијата. „Ми рекоа да не го читам бидејќи адаптацијата е сосема поинаква. Ми рекоа: само прочитај го сценариото“.

Актерот потенцира дека сценаристите сакале да се фокусираат на ликовите.

Откри и дека сака да биде што е можно пореален. „Мислам дека најважно е што Питер остана реален лик во текот на серијата, не стана суперхерој и ништо не можеше да влијае на него и да го промени.“

Повеќето акробации во серијата ги правеше сам.

„Јас се борев во сцените, но кога има навистина тешки работи, тогаш влегува каскадер. Тоа беше главно за паѓање“, вели Габриел.

Тој ја започна својата кариера како дете ѕвезда во 2007 година со помали улоги во филмови. Од 2010 до 2013 година, глумеше во серијата The Big C, а потоа во научнофантастичниот трилер Super 8 во 2011 година. Извесен период паузираше од актерството, но се врати во 2020 година откако пријателите го наговориле да стапи во контакт со агентите.

Ss1

Можете да прочитате

Жителите на Малага планираат демонстрации против приливот на туристи во нивниот град

Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот