Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден со нов гаф, во обид да ја пофали Пелоси

(Видео) Бајден со нов гаф, во обид да ја пофали Пелоси
300x250 (7)

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нов гаф на доделувањето на наградата за потпретседателката на САД, Ненси Пелоси.

dobivaj vesti na viber

Бајден се обиде да ја пофали својата колешка, велејќи дека таа ќе влезе во историјата како еден од најдобрите говорници во историјата на САД.

300x250 (7)

„Не само затоа што е жена, туку затоа што е толку неверојатна“, рече Бајден.

Тој ја пофали Пелоси, која е негова сопартијка, велејќи дека никогаш не морал да се грижи дали некој предлог-закон ќе помине, „бидејќи кога таа вели дека ги има гласовите, таа навистина ги има“.

Во својата пофалба, Бајден во обидот да ја нагласи способноста на Пелоси да испорача економски решенија рече:

„Таа помогна да се спаси економијата од Големата депресија, усвојувањето на Законот за пристап до нега и кампањата „Не прашувај, не кажувај““, рече Бајден.

Американскиот претседател ја помеша Големата депресија од 1929 година со Големата рецесија.

Многумина се пошегуваа на социјалните мрежи дека Пелоси е родена на 26 март 1940 година, а Големата депресија се случила помеѓу 1929 и 1939 година, што значи дека таа не била ни родена кога економската криза ја погоди Америка.

Големата рецесија, во споредба со Големата депресија, беше остар пад на економската активност што започна во 2007 година, прелевајќи се на глобално ниво во економиите ширум светот. Се смета за најзначајниот пад од Големата депресија во 1930-тите. Официјално траеше од декември 2007 до јуни 2009 година, што доведе до глобална рецесија во 2009 година.

Ss1

Можете да прочитате

Во Тексас и Калифорнија уапсени десетици студенти кои демонстрираа против војната на Израел во Газа

Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан