Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден сепак пристигна во Киев, центарот на градот блокиран

(Видео) Бајден сепак пристигна во Киев, центарот на градот блокиран

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Киев, а таму го пречека украинскиот претседател Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Центарот на Киев е блокиран, а социјалните мрежи се преполни со снимки од невообичаено долга колона возила.

Некои сметаат дека центарот на Киев е блокиран поради посетата на американскиот претседател Бајден, кој патува во Полска. Неговата посета на Варшава е закажана за вторник.

„ Центарот на Киев е блокиран поради доаѓањето на многу важни луѓе. Украинските медиуми пренесуваат дека Бајден дошол во посета. Никој не смее да поминува низ улиците“, пишуваат тие на социјалните мрежи.

Претходно Белата куќа соопшти дека претседателот Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда, со кого ќе разговара за Украина и со други лидери од регионот, но дека тој не планира да оди во Украина.

Можете да прочитате

Техеран тврди дека воспоставил нова воена хиерархија на Блискиот Исток

Израел усвои закон за смртна казна за Палестинци осудени за убиства на Израелци

Индија го започнува пописот на населението со ангажман на три милиони службеници