Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден ја прекрсти вдовицата на Навални наместо Јулија ја нарече Јоланда !

Screenshot 2024 02 24 203353.png

Американскиот претседател во четвртокот се сретна со Јулија Навални, вдовица на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални и нивната ќерка Даша. Последниот гаф на Бајден се однесува на Јулија Навални, која американскиот претседател во изјава за медиумите ја нарече Јоланда. -Утрово имав чест да се сретнам со сопругата и ќерката на Алексеј Навални. Тој беше човек со неверојатна храброст и неверојатно е како се и неговата сопруга и ќерка. Утре ќе објавиме санкции против рускиот претседател Владимир Путин, кој е одговорен за смртта на Навални. Јасно е дека Јоланда ќе ја продолжи борбата што ја водеше Алексеј, рече Бајден по прес-конференцијата во Сан Франциско. Белата куќа не коментираше гафот на Бајден. Во соопштението непосредно по приватниот состанок, Белата куќа соопшти дека Бајден им изразил „искрено сочувство“ на жените за нивната ужасна загуба.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена