Утрински Весник
Свет

(Видео) Авион излета од писта во Канада

(Видео) Авион излета од писта во Канада

Аеродромот во Канада ќе биде затворен за сообраќај до крајот на денот откако авион на „Флер ерлајнс“ се излизгал од пистата за време на слетувањето, јавува „Си-Ен-Ен“.

dobivaj vesti na viber

Летот F8 501 на „Флер ерлајнс“ од Ванкувер до Киченер-Ватерло превезувал 134 патници и членови на екипажот.

За среќа, никој не е повреден. Патниците безбедно излегле од авионот и со автобус биле пренесени до терминалот.

„Според процедурата на аеродромот, нашиот тим одговори на инцидентот за да се осигура безбедноста на лицата во авионот“, се вели во соопштението, додавајќи дека одборот за безбедност на транспортот на Канада е на лице место и врши анализа.

Можете да прочитате

Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик

Масакр во САД: Маж упаднал кај своите родители и си го убил целото семејство

Федоров: Украина полека ја губи војната, има уште неколку месеци за пресврт