Утрински Весник
Македонија

Нема договор помеѓу историчарите од Македонија и Бугарија за Охридската Архиепископија

Нема договор помеѓу историчарите од Македонија и Бугарија за Охридската Архиепископија
300x250 (7)

Дводневниот состанок на мешовитата комисија за историски прашања во Скопје заврши вечерва без договор.

dobivaj vesti na viber

Единствената тема на која членовите на комисијата се осврнале вчера и денес е како да биде претставена Охридската Архиепископија во македонските учебници по историја.

Ss1

Копретседателите на Комисијата од македонска и бугарска страна, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров кажаа дека биле блиску до договор, но на крајот не успеале да се усогласат.

Ѓоргиев во изјава за медиумите по состанокот рече дека не можат да ги надминат недоразбирањата поради различниот пристап на толкувањето на средновековната историја. Објасни дека бугарските историчари сакаат да се промени начинот на кој Охридската Архиепископија е претставувана во нашите учебници.

„Тука станува збор за препораки за учебници со кои треба да се надминат одредени недразбирања за да се подобрат учебници во двете држави, а не да се постигне некаква согласност меѓу историографиите во Македонија и Бугарија. Тука некаде настанува конфликтот околу кој не можеме да се разбереме и да го надминеме тоа“, изјави Ѓоргиев оценувајќи дека дводневната средба била напорна и тешка, но атмосферата била конструктивна.

Бугарскиот копретседавач, Ангел Димитров рече дека биле блиску до решение, но ќе направат сè што е можно да има добри резултати на наредната средба.

„Во науката и историјата не може да има две гледни точки кои се точни, едната е точна другата не е. Која е точна се определува од фактите и историските извори, како и доминантната позиција во светската наука што го разгледува тоа“, рече Димитров.

Следниот состанок на членовите на мешовитата комисија ќе се случува в година.

Ss1

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови