Утрински Весник
Македонија

(Видео) Апасиев: Левица се изгоре во 2019 со поддршката на Силјановска, втор па нема да згрешиме!

Apasiev.png

Лидерот на партијата Левица во јавно медиумско гостување говореше за евентуална поддршка за кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

Апасиев кажа дека тоа го сториле веќе еднаш претходно, во 2019 година, но дека на овие избори Силјановска нема да ја добие поддршката од Левица.

Апасиев ги откри и причините зошто овој пат тој и неговата партија нема да гласаат за Силјановска во вториот круг.

„Ако се сеќавате, еднаш се изгоревме со поддршката за професорката Силјановска и втор пат таа грешка да ја направиме. Само што ја поддржавме а тоа по моја проценка беше контигент од 30 – 40 илјада гласа и ако се сеќавате Силјановска во вториот круг доби 60.000 гласа повеќе во вториот круг, а Левица тогаш немаше сопствен кандидат во 2019 година. Веднаш после тоа благодарноста стигна од ДПМНЕ, со тоа што мене ми забранија да гостувам во нивната партиска телевизија“ порача Апасиев.

Можете да прочитате

123 санкционирани возачи во Скопје

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат